Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакимовски на новинарката Јордановска и се заканувал со убиство

Јакимовски на новинарката Јордановска и се заканувал со убиство

Заканувачот Емил Јакимовски преку пораки но и мобилни апликации упатувал закани до новинарката Мери Јордановска дека ќе изврши кривично дело-убиство.

Ова денеска беше соопштено од страна на судот, а судењето на Јакимовски ќе продолжи за еден месец.

Јакимовски пред лицето на правдата одговара за семејно насилство врз неговата поранешна сопруга и за закани врз новинарката Јордановска.

На денешното рочиште јавноста денеска беше известена и дека во ќелијата на Јакимовски бил пронајден мобилен телефон а на неговото семејство заканувачот му давал инструкции како да објавуваат вест на портал но и како да ставаат наслови на социјалната мрежа Фејсбук.

Меѓудругото, Јакимовски барал да му се укине притворот бидејќи требало да оди на суд за решавање на работен спор, а адвокатот на неговата сопруга вели дека тој е опасен за околината и притворот не треба да му се укинува бидејќи може да го повтори делото.

Слично

Поврзани вести