Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакимовски: Кај „Алумина“ ќе има згради како во Чикаго и Дубаи

Јакимовски: Кај „Алумина“ ќе има згради како во Чикаго и Дубаи

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска за планот „Комплекс Алумина“, на кој Пуцко Петрол треба да гради објекти високи до 35 ката, рече дека тоа ќе бидат современи згради како оние во Чикаго и Дубаи.

Од друга страна ги обвини советниците на ВМРО-ДПМНЕ дека лажно се залагаат за зеленило, по обидот да се блокира планот со 3.000 амандмани.

- Тоа ќе се нови објхекти, современеи, како што има во Чикаго, Дубаи, Торонто, Виена, Софија, Белград, а тие се за згради со лажен барок. Лажат дека ќе има повеќе 35-катници. Идејата е да се заземе небото и да се оди во висина, за да не се завземе зеленилото, рече Јакимовски.

На јавната презентација, карпошани се жалеа дека на улица Прашка зад Алумина и сега не се поминува. 

- Покрај 2.500 резидентни паркинзи, ќе има уште 1000. Целото паркирање на таа територија ќе биде решено, уверува Јакимовски.

За „Комплекс Алумина“ нарачан е урбанистички план за станбен комплекс од Пуцко Петрол.  Општина Карпош објави 3Д-презентации како ќе изгледа просторот кај поранешната фабрика „Алумина“ на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов.

Нацртани се осум згради, од кои шест се со висина од 9 до 14 ката, а две се кули од 25 и 35 ката. Нафтената компанија „Пуцко Петрол“ го купи земјиштето од околу 42 илјади метри квадратни пред три години за 18 милиони евра.


Слично

Поврзани вести