Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАКИМОВСКИ ЈАВНО ЈА ПОДДРЖА АРСОВСКА: „Можеби не ја сакаме, ама сега има право!“

ЈАКИМОВСКИ ЈАВНО ЈА ПОДДРЖА АРСОВСКА: „Можеби не ја сакаме, ама сега има право!“

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно излезе со поддршка за активностите кои изминатите денови ги реализира градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со објавувањето на криминал и злоупотреба на Законот за легализација во општина Чаир.

„Да, можеби за многу работи Данела Арсовска не нè убеди. Можеби не ја сакаме сите, можеби нејзините одлуки не ни се допаѓаат секогаш. Но, сега – таа има право! 

Ги отвори очите на цела Македонија! Покажа со документи, со факти, како се гради на диво, како се узурпира државно земјиште без денар платен, како се перат милиони евра, како законите важат само за некои – за Карпош, Крива Паланка, Центар… А за другите? За нив нема закони, нема истраги, нема ништо!

Владата на Мицковски молчи, министрите глумат слепи, а народот го влечат за нос! 

Министерот за внатрешни гони за клупи во паркови, ама за милионските криминали – молк!

Министерот за транспорт го нема никаде, а премиерот само се заканува – ама на тие што работат по закон!

Оваа селективна правда е неправда. Оваа тишина пред кражбата е соучесништво! 

Го кревам гласот и кажувам гласно: Не молчиме! Не дозволуваме Македонија да стане држава на криминалот!“, вели тој.



Слично

Поврзани вести