Јакимовски ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски им се заканува на стопанственици од Карпош
- Не може некој да си игра со советот и со граѓаните, мораме да се спротивставиме на опструкциите, истакна градоначалникот Стевче Јакимовски на денешната прес-конференција пред општина Карпош и објави дека ја раскинува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
Според Јакимовски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се меша во работата на општината и им се заканувал и вршел притисоците врз стопанственици во општина Карпош, а тој веќе тоа не може да го толерира.
Напомена дека неговите односи со Христијан Мицкоски завршуваат, откривајќи дека тоа е причината зошто става крај на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
- Не можеме веќе да бидеме тајни непријатели со Мицкоски. Преку грбот на граѓаните врши притисок врз еден градоначалник и сака да ја контролира општината иако не е избран, рече Јакимовски и додаде дека на ниту еден член од ВМРО-ДПМНЕ во општината нема ништо да му фали.
Стевче Јакимовски потенцираше дека тој и неговата паријата ГРОМ остануваат опозиционери и ќе продолжат да делуваат опозиционо во интерес на граѓаните.
