Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАКИМОВСКИ: Изборот помеѓу помалото и поголемото зло не е избор

ЈАКИМОВСКИ: Изборот помеѓу помалото и поголемото зло не е избор

Коалицијата „Храбро за Македонија“, предводена од ГРОМ, ПЦЕР и ИНТЕГРА го промовираше Стевчо Јакимовски, лидер на ГРОМ, за кандидат за претседател на Северна Македонија на претседателските избори закажани за 24 април.

„Моите политики се исправни и се во интерес на сите граѓани без оглед на вера, нација и материјална состојба и го опфаќаат секој човек. Одлучив да се кандидирам за претседател на Република Македонија како круна на моето 37-годишно активно бавење со политика. За разлика од други политичари сметам дека ми е предност што сум бил политичар и во социјалистичкото општество зашто знам како изгледа како изгледа уредена и сериозна држава“, вели Јакимовски. 

Тој нагласи дека претседателот на државата ни случајно нема да биде протоколарна функција зашто, како што кажа, ќе биде соочен со големи притисоци, со промени на чудни закони и на Уставот и притисок да се откажеме од идентитетските прашања.

„Зад некои кандидати стојат големи партии ама за жал знаењата им се мали, за разлика од нив нашите партии се мали, но знаењето ни е големо. Ќе им дадеме понуда на граѓаните да имаат избор, зашто изборот помеѓу помалото и поголемото зло не е избор“, рече Јакимовски.

За себе кажа дека не подлегнува на закани и уцени. 

Слично

Поврзани вести