Јакимовски и се заканувал и на директорката на централен регистар-поведени се дисциплински против него
Остра осуда за заканите кон новинарката на А1он Мери Јордановска од страна на вработениот Емил Јакимовски стигна и од Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Од оваа институција велат дека кон Јакимовски има дисциплинска постапка поради закани кон други вработени но и кон директорката на Централен регистар, Марија Бошковска Јанковски.
„Сакаме да истакнеме дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во Централниот регистар на Република Северна Македонија против Емил Јакимовски веќе е отворена дисциплинска постапка. Комисијата се уште нема одлука, бидејќи вработениот Емил Јакимовски веќе неколку месеци е на боледување.
Исто така во изминатиот период во МВР има повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од истото лице. Меѓу пријавите поднесени во МВР е и пријавата поднесена од мене лично како директор на Централен регистар Република Северна Македонија ,каде во изминатиот период сум мета на постојани напади и закани од Емил Јакимовски.
Централниот регистар секогаш имал одлична соработка со медиумските работници и новинарите и затоа апелираме МВР и истражните органи да ги испитаат ваквите наводи и да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на случајот“, стои во реакцијата од директорката на Централен регистар, Марија Бошковска Јанковски.
