ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАКИМОВСКИ: Барам веднаш одговорност – од МВР, од обвинителството, од сите што молчат ко да не им е гајле!

ЈАКИМОВСКИ: Барам веднаш одговорност – од МВР, од обвинителството, од сите што молчат ко да не им е гајле!

Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски реагира за денешниот напад во Чаир, каде маж ја удри скопската градоначалничка Данела Арсовска. 

„Ќе дозволиме ли утре некој да нè шутне сите?  Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок. Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство. И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?!

Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?! Да бидеме на чисто – со Данела сме имале и несогласувања, и судири, и различни визии за Скопје. Но никогаш нема да прифатам насилство како метод. Денеска е таа. Утре можам да бидам јас. Или ти. Или некоја новинарка. Или обична службеничка. Затоа – јавно, јасно и гласно ја осудувам оваа бруталност. И барам веднаш одговорност – од МВР, од обвинителството, од сите што молчат ко да не им е гајле! Нема да си го вратиме Скопје со клоци. Нема да изградиме држава со пцуење и со мавање жени по улици. Ако ова пројде како „ништо посебно“ – тогаш сите ние сме го изгубиле компасот. Или ќе има реакција, или ќе знаеме дека институциите се дел од проблемот!“, пишува Јакимовски. 


Арсовска обвини дека полицијата ги штити криминалците. 

ad
Слично

Поврзани вести