Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАКИМОВСКИ: АКО НЕКОЈ ОД 118-ТЕ ЧИСТАЧИ НЕ МОЖЕ ДА ГО ИЗДРЖИ ТЕМПОТО, ЌЕ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИМЕ - Карпош мора да биде чист

ЈАКИМОВСКИ: АКО НЕКОЈ ОД 118-ТЕ ЧИСТАЧИ НЕ МОЖЕ ДА ГО ИЗДРЖИ ТЕМПОТО, ЌЕ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИМЕ - Карпош мора да биде чист

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски бара поголема ажурност од вработените во општината задолжени за одржување на хигиената. При утринската контрола на улиците градоначалникот констатирал дека сѐ уште има места со смет кои со месеци не се расчистени. На тие пак, што нема да можат да го издржат темпото на работа најави дека ќе им се заблагодари на соработката.

„Почитувани граѓани на Карпош, денеска побарав поголема ажурност од вработените во општината задолжени за одржување на хигиена. При утринската контрола на улиците констатирав дека сеуште има места со смет кои со месеци не се расчистени. За да се стави општината под ред, сметам дека потребна е поголема дисциплина и организација во работењето“, пишува Јакимовски на својот фејсбук профил, објавувајќи и видео од неговата „контрола“ низ општината. 

За жал, продолжува тој, како што можеме да видиме, има повеќе места кои со месеци не се фатени. 
„Тука спроти Сити мол, каде што доаѓаат граѓани од цела Македонија, Јужна Србија, Косово... Ова место е лицето на општината, а е на само двеста метри од пунктот каде што се наоѓаат дваесет наши работници.

Општина Карпош никогаш немала 118 чистачи како сега и неверојатен е степенот на нехигиена. Недостига подобра организација, подобра дисциплина за општината да ја ставиме под ред.

Доколку има такви кои не се подготвени да го издржат тоа темпо ќе им се заблагодариме на соработката.

Јас сум сигурен дека за отприлика десетина дена ќе доведеме се под контрола. Лисја постојано ќе паѓаат, тоа не е страшно, ќе ги чистиме, но сметот мора да се тргне.

Карпош мора да биде чист!“, пишува Јакимовски на својот фејсбук профил Јакимовски.

Слично

Поврзани вести