Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАКИМОВСКИ 20 МИНУТИ ВО КОНТРОЛА: По еден комунален работник чисти, некои пушат цигари на клупа

ЈАКИМОВСКИ 20 МИНУТИ ВО КОНТРОЛА: По еден комунален работник чисти, некои пушат цигари на клупа

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски вчера утрото направил инспекција низ градот за да провери колку комунални работници работат низ улиците на општината, соопштија оттаму. Проверката траела 20 минути или од 9.05 часот до 9.25 часот, а се проверувале булеварите „Илинден“, „8 Септември“, „Партинзански одреди“, „Теодосиј Гологанов“, и улиците „Рузвелтова“, „Јуриј Гагарин“, „Московска“ и „Љубљанска“.

„На булевар „Илинден“ затекнат беше само еден работник кој беше во движење пред поранешна американска амбасада, на булевар „Теодосиј Гологанов“ работеше само еден работник кај „Млечен“ и двајца работници спроти „Симпо“ на булевар „Партизански одреди“ кои седеа на клупа и пушеа цигара. Истите работници и денеска само 20 минути порано одмараа на истата клупа. На останатите улици нема ниту еден вработен. Толерирање за неработењето на комунална хигиена нема да има. Постојано ќе ги контролираме и прозиваме, вели Јакимовски.



Слично

Поврзани вести