Јахи Јахија оди во притвор
Кривичниот суд вечерва му одреди триесетдневен притвор на државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија.
Него Обвинителството го сомничи дека наместил тендер вреден над еден милион евра. Мерката притвор е изречена поради опасност од бегство и поради можноста да го повтори делото.
За Јахија обвинителството и МВР се сомневаат дека тој заедно со колега земале пари и овозможиле предност за фирма која го добила тендерот за да спроведе ИПА проект вреден над еден милион евра, за координација на обуките во јавната администрација.
Слично
