Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јадранот за летување поскап од Шпанија, Малта и Грција?

Јадранот за летување поскап од Шпанија, Малта и Грција?

Според податоци на Travel Supermarket кој ги споредува цените за летување, поевтино е да се летува во Мароко, Египет, Шпанија и Португалија, околку во Хрватска. 

Хрватска се најде на листа на места каде е најисплатливо да се летува, но е на последното 10-то место. 

Листата е направена врз основа на тоа каде ќе добиете најмногу за одмор од 7 дена за најмалку пари. 

Според пресметките во Хрватска по лице се потребни 636 фунти, а во Дубровник летувањето поскапело за 405 проценти. 

На Кипар ќе ви требаат 596 фунти по лице, а во однос на лани поевтино е за 12 проценти. Исто толку пари ќе ви требаат и за во Португалија. 

519 фунти по човек се потребни за одмор во Египет, а во Грција ќе ви бидат неопходни 518 фунти. 

502  фунти се доволно за Шпанија, а во Малта  484  фунти се потребни по човек. 

471 фунти по лице ќе ве чини во просек одморот во Мароко. 

За споредба, во Турција одморот ќе ве чини 464 фунти, а во Бугарија 459 фунти. 

Слично

Поврзани вести