Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јадран филм: Тозија не се појави на суд, имаме докази за криминал

Јадран филм: Тозија не се појави на суд, имаме докази за криминал

Продукциската куќа Јадран филм го критикува Јордан Тозија, в.д. директорот на Агенцијата за филм кој не се појавил на суд за покренатата тужба за раскинувањето на нивниот договор кој е поврзан со серијата Македонија, проект кој не беше довршен, а доделените пари беа побарани назад.

„Со самиот чин на непојавување во судот и свесно одолговлекување на постапката, тој индиректно ја признава вината за незаконски раскинување на соработката, знаејќи дека единствено Управниот одбор на Агенцијата за филм можела да го раскине договорот за соработка.

Вистинска причина за раскинување на соработката е тоа што Јадран филм го одби предлогот на Тозија кој го бараше за поткуп, како и неговиот рекет и уцена. Во процес на подготовка се повеќе кривични пријави од страна на Јадран филм против Тозија поткрепени со  докази за криминал. Јадран филм за целиот случај ги информира надлежните тела во Македонија, Хрватска и сите земји партнери на серијата и побара заштита на проектот Македонија.

Горјан Тозија предизвика штета од огромни размери злоупотребувајќи ја својата позиција за сопствени интереси. Дополнително тој од службените тела ја сокрил понудата со која Јадран филм нуди  гаранција на за секој денар вложен одАгенцијата за филм за серијата Македонија. Таа понуда и понатаму стои.

За крај, нашата професионална работа е јавна, „res publica“, позади која стои нашата компанија со 71 годишна традиција, компанија која продуцирала повеќе од 200 филмови, како и најсложени и најуспешни серии за светскиот пазар. Јадран филм без разлика на бесрамните обиди за барање на поткуп и сите криминални работи направено од Тозија, ќе ја продуцира и реализира серијата Македонија. Нас во ниеден случај нема за де запре уценувачот Тозија“ велат од Јадран филм. 

Слично

Поврзани вести