JAДЕЛЕ ДОМАШНА ПИТА СО ПРАЗ: Трагично заврши животот на 47-годишна скопјанка
Почина 47-годишна жена од Скопје која заедно со својот сопруг и со своите блиски роднини јадела домашна пита.
Жената починала денеска, а двете лица се во лоша здравствена состојба, од кој едниот е сѐ уште во кома на КАРИЛ.
Блиски роднини на семејството за Алфа брифираат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз.
Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето.
Случајот бил пријавен пред неколку дена во полиција и објавен е во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР).
foto freepik.com
Слично
