ЈА ЗАКЛУЧИЛА И МАЛТРЕТИРАЛА: Тетовчанка приведена поради насилство врз сестра си
Семејна драма од полицискиот билтен на МВР.
Сестра психички си ја малтретирала сопствената сестра откако претходно ја заклучила во една соба во станот каде што заедно живеат упатувајќи и закани по живот.
Овој случај доцна синоќа по 23 часот во СВР Тетово го пријавила 60-годишна жена Л.П. Од Тетово која пријавила дека нејзината сестра 62- годишната А.П, со која живее во заеднички стан, психички ја малтретирала, ја заклучила во една од собите заканувајќи и се по животот, додека на нејзината ќерка и ја заклучила влезната врата од станот и не и дозволувала да влезе внатре
А.П. е приведена и против неа ќе биде поденесена соодветна кривична пријава.
Слично
