Ја удрил старицата со автомобил и избегал
Повредени пешаци удрени со автомобили имало вчера во два града во земјава. МВР јавува за вакви случаи и во Битола и во Скопје, при што во скопскиот инцидент возачот избегал од местото на настанот.
„На 22.01.2020 во 08.00 часот на ул.„Македонски гемиџии“ во Битола, патничко возило „рено меган“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т.(27) од Битола, удрило во пешаците П.Н.(65) и Ќ.Н.(63), двајцата од Битола. Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола“, соопшти МВР.
Во Скопје со автомобил била удрена постара жена.
„На 22.01.2010 во 10.00 часот на излез од подземниот паркинг на Трговскиот центар Капиштец и сервисната улица која ги поврзува улиците „Народен фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во Скопје, едно возило удрило во пешакот Е.Р.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата. Во незгодата, Е.Р. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.
