Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ја тепал невенчаната сопруга, по што и го грабнал детето

Ја тепал невенчаната сопруга, по што и го грабнал детето

Полицијата трага по маж од Скопје кој ја претепал невенчаната сопруга и го грабнал детето од неа. 

Се работи за Б.С.(29) од Скопје, а инцидентот се случил вчера во Битола.

Тој во 3.30 часот дошол во домот на Ѓ.Р.(30) на улицата „Љубојно“, по што веднаш ја нападнал сопственичката, па откако ја удрил неколку пати и ги зел мобилните телефони. Тогаш истурил запаллива течност врз прозорите, завесата и ги запалил. Додека Ѓ.Р. го гаснела пожарот со ќебе, невенчаниот сопруг на сила и го зел тригодишното дете и со неговото возило заминал во непознат правец.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести