ЈА ПРОДАВААТ ОПРЕМАТА ЗА ДА ПРЕЖИВЕАТ: Музичарите лути на дискриминаторскиот однос ќе протестираат пред Владата
Музичарите и диџеите се револтирани од одлуката на Владата која дозволи музика во живо да да има само на свадбите. Музичарите кои не свират свадби, преку Здружението за унапредување на правата на музичарите – ” Музика сега ” денес најавија протест со почеток од 12 часот пред Владата.
Бараат да се укине мерката за тоа музика да има само на свадбите, бидејќи како што велат се дискриминирани оние музичари кои не свират свадби, а освен музичарите, погодени се и диџеите.
Познатата диџејка и водител со долгогодишен водителски, новинарски и диџеј стаж, Вера Јанковиќ вели дека на почетокот на пандемијата ѝ било важно само да преживее, а сега вели дека е дојдено до фаза каде што од музиката која не може да ја пушта, на неа и на нејзините колеги им зависат животите.
Погоден од оваа состојба е и познатиот музичар Џон Илија Апелгрин. Неговиот последен редовен музички настап беше на 14. март минатата година, а од тие приходи кои ги заработува на настапите, Апелгрин го издржува семејството.За Женски магазин тој одговори и на прашањето како музичарите на кои настапите им се единствен приход живеат последнава година и неколку месеци?
Никако, дел продадоа опрема и инструменти, другите се снаоѓаат со кредити и позајмици, но факт е дека сите немаат ниту пензионери или живи родители кои би помогнале, а имаат свои семејства. Со ваквата политика Владата директно ја убива македонската музика, а со тоа и значаен дел од македонскиот идентитет“, вели Илија.
