Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец
Ден час по полноќ ноќва, во Аеродром бил приведен 29 годиешн неготинец, откако 41 годишна жена пријавила дека ја присилил на полово дејствие, ја снимал и и се заканувал.
„На 06.12.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино, постапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека на 02.12.2025 во стан на подрачјето на Центар ја присилил на полово дејствие, при што снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари за да не го објави видеото на социјални мрежи“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
