Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈА ПРЕЖИВЕА СТРАШНАТА СООБРАЌАЈКА НА ХАЛКИДИКИ: 21-годишното момче е отпуштено од болницата во Пилигирос и веќе е во земјава

ЈА ПРЕЖИВЕА СТРАШНАТА СООБРАЌАЈКА НА ХАЛКИДИКИ: 21-годишното момче е отпуштено од болницата во Пилигирос и веќе е во земјава

Младиот 21-годишен совозач кој беше повреден во тешката сообраќајна несреќа на патот Неа –Мудања-Паљури, на првиот крак на Халкидики, денеска е пуштен од болница и веќе е пристигнат во земјава, дознава дописничката на МИА од Атина.

За жал, во оваа несреќа, на лице место загина 22-годишниот скопјанец, откако вчера рано изутрина во 6.20 минути се превртел нивниот автомобил. Истрагата за несреќата се во тек,  по што ќе бидат утврдени причините за превртувањето на возилото.

Како што претходно пишуваше Фактор, 22-годишниот возач, кој се движел кон Полихроно, под неразјаснети околности изгубил контрола над својот автомобил и се превртел.

Несреќниот млад човек кој бил од Скопје и дошол на годишен одмор на Халкидики, починал веднаш, бидејќи бил фрлен од шофершајбната, од автомобилот.

Причините ги испитува Одделот за сообраќај на Неа Мудања.


Слично

Поврзани вести