Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈА ПРЕГАЗИ ЖЕНАТА ВО КАПИШТЕЦ И ПОБЕГНА:Потерница за 18 годишникот и неговиот татко, избегале од државата

ЈА ПРЕГАЗИ ЖЕНАТА ВО КАПИШТЕЦ И ПОБЕГНА:Потерница за 18 годишникот и неговиот татко, избегале од државата

Четири лица се осомничени за вмешаност во тешката сообраќајна несреќа што вчера околу 11:30 часот се случи на улицата „Народен фронт“ во Скопје, во која животот го загуби 79-годишна жена. Возачот што ја усмртил пешачката по ударот побегнал од местото на несреќата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од 18-годишен скопјанец, удрило во повозрасната жена, која од здобиените тешки повреди починала на лице место. Наместо да застане и да ѝ укаже помош, возачот го напуштил местото на трагедијата.

По спроведената истрага, полицијата преку системот „Безбеден град“, видео-снимки од околните објекти и изјави од сведоци утврдила дека возилото со кое е извршено делото е сопственост на таткото на осомничениот. Автомобилот бил пронајден пред нивниот дом, каде што бил затекнат постар член на семејството, кој бил приведен на информативен разговор.

Натамошната истрага покажала дека 18-годишниот возач и неговиот татко, со помош на уште две лица, ја напуштиле државата истиот ден по несреќата. Двата помагачи се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за помагање сторител по извршено кривично дело.

Против младиот возач е поднесена кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна несреќа. За него и за неговиот татко е распишана потерница, а полицијата презема интензивни мерки за нивно пронаоѓање и приведување.

Во рамки на истрагата се пронајдени и одземени двете возила – „фолксваген пасат“ со кој е усмртена жената и „мерцедесот“ со кој осомничените ја напуштиле државата. За случајот е известено Основното јавно обвинителство, кое ја продолжува постапката.


Слично

Поврзани вести