Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ја посвети на двете ќерки: Што пишува во новата книга на бегалецот Груевски?

Ја посвети на двете ќерки: Што пишува во новата книга на бегалецот Груевски?

Книгата ,,Искуства за иднината“ на екс премиерот Никола Груевски е всушност негов докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Ки­рил и Методиј“ во Скопје.

Информација за книгата е објавена на профилот на издавачката куќа Ѓурѓа. Се спомнуваат и политичките околности за времето на издавање на книгата. 

„Неизбежно е да потенцирам дека оваа книга се издава токму во вре­ме на сложени политички случувања во Македонија и кога веќе поло­вина го­дина имам статус на личност со доделен политички азил како поли­тичко про­гонето лице и се наоѓам во Република Унгарија. Издавањето на книгата не одеше според планот кој го имав во летото 2018 година. Издавањето беше планирано да се случи во јануари 2019 година, по довршување на одредени дополнувања во книгата поврзани со обезбедува­ње и внесување дополнителни податоци објавени по предавањето на доктор­скиот труд за одбрана, а заради поголема актуелност на книгата. Но, кампањата на политичкиот прогон кон мене кулминираше есента 2018, а нејзините креатори толку многу брзаа да ме затворат и отстранат, користејќи лажни клевети и неосновани политички мотивирани обвиненија, што му одредија на судот кој им беше потчинет, да не ми дозволи време пред извршување на незаслужената санкција, околу два месеци колку што побарав, за да ги завршам спомнатите дополнувања кои пла­нирав да ги вметнам и кои сега, пред нејзиното издавање, веќе ги вмет­нав во книгата“, наведува авторот во деталниот опис за делото. 

Овој докторски труд го одбранил пред петчлена комисија на профе­сори: проф. д-р Методија Несторовски како претседател на комисијата,проф. д-р Михаил Петковски, ментор на овој докторски труд и рецензент на книгата, проф. д-р Живко Атанасовски, кој е исто така рецен­зент на оваа книга, проф. д-р Љубе Трпески и проф. д-р Владимир Фи­липовски.

Никола Груевски е автор на книгата ,,Кон излезот-странските директни инвестиции, економскиот развој и вработеноста" (2007) и коавтор е на книгата ,,Македонската економија на крстопат" (1998).

Слично

Поврзани вести