Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈА НАВРЕДУВАЛА И ПОВРЕДИЛА: Oбвинителството излезе со детали за нападот на Елена Ристеска

ЈА НАВРЕДУВАЛА И ПОВРЕДИЛА: Oбвинителството излезе со детали за нападот на Елена Ристеска

Обвинителството излезе со детали за нападот врз пејачката Елена Ристеска, а осомничената доби и забрана за приближување. 

Основното јавно обвинителство Скопје информира поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничената 38-годишна скопјанка, на 23 октомври во угостителски објект во Скопје, извршила грубо насилство кон една оштетена, физички напаѓајќи ја со тврд предмет и нанесувајќи ѝ повреда на главата. Притоа упатила и вербални закани кон оштетената и кон други присутни лица, со што предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв. Ценејќи ги сите околности, пред сè можноста за повторување на агресивното и насилното однесување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка на претпазливост – забрана за осомничената да се приближува или да воспоставува контакти со оштетената“, информираат од ОЈО.

Од полицијата информираа дека Е.Т.П. го признала делото, а извршен е разговор и со сведоци на настанот.

Слично

Поврзани вести