ЈА НАПАДНАЛА СОПСТВЕНАТА МАЈКА СО ЧЕКАН - млада жителка на Кавадарци во притвор
Млада жена од Кавадарци доби притвор од 30 дена, откако таа ја нападнла сопствената мајка удирајќи ја со чекан по главата.
Како што соопштуваат од јавното обвинителство, против 32 - годишната жена е поведена истрага од страна на ОЈО Кавадарци, поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство во обид“.
Како што информира Јавното обвинителство, вчера во раните утрински часови, при семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка. Додека жртвата спиела во заедничкиот дом, осомничената која подолг период се заканувала дека ќе го стори делото, ја удрила својата мајка со тврд предмет (чекан) по главата.
Сведок на настанот бил таткото на осомничената, кој ја задржал и не и дозволил да избега по настанот.
- Поради опасноста од бегство, пред се имајќи ја предвид висината на запретената казна за ваков облик на кривично дело, можноста да влијае врз сведокот или да се обиде да го доврши кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор - се вели во соопштението.
Судијата го прифатил предлогот и синоќа донел решение со кое на осомничената и определил притвор во траење од 30 дена.
