Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ја излажала банката дека оди на работа и зела кредит од 15 илјади евра

Ја излажала банката дека оди на работа и зела кредит од 15 илјади евра

Фалсификувала документи дека редовно оди на работа и така зела кредит од банка од 15 илјади евра.

„Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 56-годишната М.Ј. и 36-годишната В.Л., двете од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа““, соопшти полицијата.

Како што информира МВР, пријавените заедно изготвиле лажна Потврда за редовен работен однос во фирма во Скопје за првопријавената М.Ј., со што во банка во Скопје лажно прикажала дека е кредитноспособна. После тоа, М.Ј. подигнала кредит од 900.000 денари. 

Слично

Поврзани вести