Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЈА ИЗБРАВ СТОМАТОЛОГИЈАТА САМО ЗА ДА БИДАМ РАЗЛИЧЕН ОД МОИТЕ РОДИТЕЛИ, БЕВ ДОБАР ОРАЛЕН ХИРУРГ“ - д-р Емил Угриновски сосема искрено за „Бизнис муабети“ на Фактор

„ЈА ИЗБРАВ СТОМАТОЛОГИЈАТА САМО ЗА ДА БИДАМ РАЗЛИЧЕН ОД МОИТЕ РОДИТЕЛИ, БЕВ ДОБАР ОРАЛЕН ХИРУРГ“ - д-р Емил Угриновски сосема искрено за „Бизнис муабети“ на Фактор

„Многумина мислат дека немам допирна точка со медицината, но да бидеш присутен во медицината, треба да имаш некоја едукација“, вака докторот и бизнисмен, но и менаџер, д-р Емил Угриновски, ја стартува неформалната нарација за неговата кариера и воопшто за неговиот животен пат.

Денеска, во редовниот термин, само за Вас, почитувани читатели, го емитуваме новиот поткаст „Бизнис муабети“ на порталот Фактор, а наш и Ваш гостин е познатиот урбан скоспки лик, д-р Угриновски.

Тој има завршено Стоматолошки факултет, и специјализација орална хирургија. 

„Тоа значи дека сум орален хирург, но веќе десетина години, моите обврски за жал не ми дозволуваат да работам по струка. Инаку, долги години работев, речиси 15-тина години работев како орален хирург и бев сериозно добар орален хирург, иако е неблагодарно тоа да се каже за себе, но тоа го зборуваа колегите, а нормално и пациентите. Јас уживав во стоматолошката работа, и посебно во оралнохируршката, бидејќи она за што си учел, те исполнува. Јас, додека ја правев операцијата, се фокусирав само на тоа, воопшто не размислував за други работи, и тоа ме опушташе, но со текот на времето, обврските беа такви што морав тоа да го прекинам, и да се посветам само на менаџерската работа“, вели Угриновски.

Тој искрено говори дека не случајно ја избрал стоматологијата.

„Јас ја избрав стоматологијата за да бидам различен од моите родители. Не сакав медицина, туку стоматологија, само за да не кажат, еве го овбој сега, таткото е доктор, мајката е докторка, и синот мора да биде доктор, општа пракса, и затоа ја избрав стоматологијата. И не погрешив. Немавме дома дискусии да зборуваме за проблематиката за медицината од стручен аспект. Бидејќи, јас не занев за неврохирургија, или мајка ми мфизијатар, ама и тие не знаеја за оралната хирургија. Така што, повеќе разговаравме за животните теми“, вели Угриновски.

Целиот поткаст почитувани читатели, гледајте го тука. 


Слично

Поврзани вести