ЈА ЦИЦАА ДРЖАВАТА 20 ГОДИНИ: ВМРО-ДПМНЕ реагира дека Османи и Ахмети се кријат зад етничкото знаме кога нема пари и функции
Кога ДУИ не може да краде и кога конечно мора да одговара за криминалот, тогаш започнува врескањето: „нема правда за сите“, „загрозени се меѓуетничките односи“, „Албанците се на удар“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, кој обвини дека владата ги отстранува Албанците од општествените текови.
„Ова е старата и одамна потрошена матрица на Ахмети, Османи и нивните луѓе, секогаш кога им се сече гранката на криминалот и корупцијата, кога повеќе нема тендери и рекет, тогаш наеднаш стануваат „заштитници на Албанците“ и „бранители на меѓуетничките односи“. Во превод: кога нема пари и функции, тогаш почнуваат да се кријат зад етничкото знаме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека вистината е јасна, 20 години ја цицаа државата, беа недопирливи и без одговорност.
„Денес дел од нив бегаат, дел се кријат, а дел се тресат од страв од апсење, затоа што знаат што направиле“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
ОСМАНИ ОБВИНУВА ЗА „ПЛАН НА ЕЛИМИНАЦИЈА“: Владата ги отстранува Албанците од општествените текови
