ЈА ЧЕКААТ АМБАСАДАТА НА САД ПРВА ДА РЕАГИРА - Куновска со нова реакција на најавените сопственички промени
Актерката Софија Куновска, која е член на СДСМ долги години и е присутна во политиката, а беше и член на Советот на Град Скопје, во последно време честопати со свои коментари на социјалната мрежа Фејсбук објавува свои ставови околу актуелните случувања во земјава.
Таа денеска со коментар околу најавите за купување на клиниката „Жан Митрев“, но и за објавата дека ТЦ Соравија има нов сопственик.
- Од прашања што не мачат за денес издвојуваме:
Зошто ВМРО- ДПМНЕ нема ниту соопштение ниту прес конференција околу потенцијалниот купувач на клиниката Жан Митрев?
а) некоја коалиција во позадина си функционира
б) ја чекаат амбасадата на САД прва да реагира
в) не знаат каде тераат
г) се си е во ред
П.С. Го гледам Ковачки денес како се прашува кој и како успеал да ја купи Соравија. Одлично. Да не пропушти за некои од неговата партија да се прашува години наназад од какде и како се стекнаа со исти толкави а можеби и поголеми имоти? - напиша Куновска на Фејсбук.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Слично
