Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈА БАРААТ ДЕВОЈКАТА ШТО ГИ ПРИЈАВИЛА - скандалозната Јавна соба повторно е активна

ЈА БАРААТ ДЕВОЈКАТА ШТО ГИ ПРИЈАВИЛА - скандалозната Јавна соба повторно е активна

Членовите на групата „Јавна соба“ на Телеграм ја бараат девојката која во полиција пријавила дека таму се објавуваат фотографии и лични податоци од девојки од Македонија, објави порталот Прес 24.

Групата сѐ уште е активна и во овој момент брои над 6.100 членови кои разменуваат експлицитни фотографии. Откако вчера Сител објави дека групата повторно е активирана членови на групата објавуваа фотографии од можни девојки кои ја пријавиле групата.

Во меѓувреме, расте револтот на социјалните мрежи. Граѓани бараат полицијата да се активира и да ја блокира групата, но се бара и одговорност за креаторот и за членовите кои споделуваат лични податоци од девојки.

Слично

Поврзани вести