Извршниот директор на Македонски навигации поднесе оставка, бил кочен во модернизацијата
Извршниот директор за воздухопловна техника на М-НАВ, Александар Палчевски, ја поднел својата оставка и напишал писмо дека водел сектор со неквалификуван и несоодветен кадар и сомневање дека некој намерно ги кочи процесите на модернизацијата во Македонски навигации.
Ваквата одлука следува две недели откако јавното обвинителство одлучи да ја истражува тендерската набавка на радарски систем и отвори предмет по допрен глас во М-НАВ, објави Телма
„Имам чувство дека дел од проектите се кочат, како на пример дозволата за изградба на АТМ системот, што е вон контролата на М-НАВ, без притоа да се согледаат последиците од истото“ напишал член на управниот одбор на М-НАВ.
Актуелниот радарски систем е застарен, а новиот кој треба да го инсталира италијански „Леонардо“ освен во М-НАБ и ЕБОР, сега е предмет и на јавното обвинителство и државната комисија за спречување корупција откако генералниот секретар на владата Драги Рашковски беше наводно замешан во тендерската постапка.
