Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗВРШИТЕЛИТЕ КИНАТ: За долг од 1 денар кон БЕГ му наплатиле 12.439 денари!

ИЗВРШИТЕЛИТЕ КИНАТ: За долг од 1 денар кон БЕГ му наплатиле 12.439 денари!

На пензионер од Скопје Крсте Серафимов кој имал долг кон БЕГ од само 1 денар, преку извршители му било наплатено 12.439 денари.

Од БЕГ го дале Серафимов на извршител САМО за 1 денар, некаков заостанат долг од минататото, по што извршителот Моника Муча од Скопје, го активирала налогот за наплата, преку кој му е определена ЗАБРАНА за 1/3 од пензијата и активиран налогот за исплата на 12.439 денари. 

Преку процес, на господинот му се земени 12.439 од неговата пензија за да се среди и подмири она што (не)треба.

Еве како изгледа структурата на давачки за наплата на побарувањето од 1 денар долг:

-277,00 денари на име администрирање,

-4.182,денари на име извршни дејства,

-400.00 денари на име награда(за извршителот).

-875,00  денари на име ДДВ,

-240,00 денари на име материјални трошоци, и

-износ од 1.534 денари на име адвокатски трошоци за застапување на доверител по АТ.

На ова се засметува и камата во износ од 722,00 денари на процесни трошоци пресметана од денот на извршување до денот на наплата на долгот.

Ова го обелодени на фејсбук неговиот син.

Слично

Поврзани вести