Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗВРШИЛ ОБЉУБА ВРЗ НИВНИТЕ МАЛОЛЕТНИ ЌЕРКИ - дури три жени пријавиле исти силувач

ИЗВРШИЛ ОБЉУБА ВРЗ НИВНИТЕ МАЛОЛЕТНИ ЌЕРКИ - дури три жени пријавиле исти силувач

Грозоморен настан се случил во едно тетовско село. 

Како што соопшти полицијата, на 22.08.2020 во 12.30 часот во Полициската станица Тетово, три жени од тетовско село пријавиле дека Ф.А.(43) од нивното село извршил обљуба врз нивните малолетни ќерки. 

За настанот бил известен Јавен обвинител, а врз основа на судска наредба, на 22.08.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на Ф.А., при што пронашле и одзеле пиштол „Ekol Firat Magnum“, една рамка со 13 куршуми кал.9мм, секира, три ножеви и други предмети, за кои постои сомение дека можат да помогнат во истрагата. Ф.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слично

Поврзани вести