Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извршени се претреси во становите на Груевски и Јанакиески

Извршени се претреси во становите на Груевски и Јанакиески

Утрово бил вршен претрес во становите на екс премиерот Никола Груевски и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, дознава Слободен печат. Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „Слободен печат“ потврди дека извршен е претрес на дополнителниот имот на екс премиерот Груевски во Скопје, а во врска со предметот „Плацеви на Водно“.

Претресoт кај поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески бил во објект во Прилеп. Од јавното обвинителство потврдувиле дека имало претреси во објекти во Прилеп, но не прецизираа за што станува збор.

Слично

Поврзани вести