Извозот во Германија, нашиот најголем трговски партнер, лани се „стопил“ за 400 милиони евра
Трговската размена меѓу Германија и Северна Македонија во 2020 година бележи пад од 15 отсто во однос на 2019 година. Извозот од Северна Македонија кон Германија во 2019 изнесувал 3,2 милијарди евра, додека во 2020 тој изнесувал 2,8 милијарди евра, односно е намален за 13,3 отсто. Увозот од Германија во Северна Македонија во 2019 бил во висина од 1,3 милијарди евра, а во 2020 тој изнесувал 1 милијарди евра и бележи пад во висина од 18 отсто.
Ова го соопшти Делегацијата на германското стопанство во земјава.
„Досега во земјава се пристигнати 8.190 вакцини од компанијата Фајзер-Бионтек кои се донација од соседна Србија. Владата на синоќешната седница го разгледа драфт договорот за набавка на 100 илјади вакцини од Русија, додека се очекува да стигне испораката на 200 илјади дози вакцини од Кина. Воедно е потпишан и договор за 20 до 30 илјади вакцини од Астра Зенека кои треба да пристигнат следниот месец. За вакцинирање досега се пријавиле приближно 100 илјади лица, а вакцинирањето ќе биде бесплатно и на доброволна основа. Приоритет ќе имаат здравствените работници од ковид-центрите, граѓаните над 65 години и хронично болните.
Работиме на нашето портфолио на услуги и сакаме како за германските инвеститори, така и за компаниите добавувачи од Северна Македонија, Албанија и Косово да бидеме One Stop Shop. Затоа дизајниравме нови услуги за Вас. Целата палета на услуги може да ја најдете на нашата редизајнирана интернет страна: https://nordmazedonien.ahk.de/mk/“, се вели во соопштениетоп од Делегацијата.
