„Изводот ни го дадоа со погрешни податоци“: Ребека револтирана од „организираноста на институциите“ сподели видео од гужвите
Агонијата низ која поминуваат граѓаните секојденевно при вадење на докумети станува се почеста, поради што се поголем број граѓани се револтирани од чекањето, доцнењето, но и грешките во официјалните документи.
На темата добивање извод, револтирано реагираше и нашата истакната пејачка Ребека која на својот Фејсбук профил објави видео од редиците во државните институции кои чекаат за документи. Притоа потенцираше дека иако долго чекале за нивниот извод, на крај документот го добиле со грешка.
- Чекаме за извод кој требаше да биде во петокот готов. Ни го дадоа со погрешни податоци и чекаме да ја најдат книгата веќе 2 часа - напиша Ребека на Фејсбук.
Еве ја нејзината објава:
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
