ИЗВЛЕЧЕНО ТЕЛОТО НА ВЕЛЕШАНЕЦОТ ШТО ПОМАГАШЕ НА ЕКИПА НА ЕВН: Исчезна во Вардар пред 24 дена
Безживотното тело
на велешанецот Спасе Димовски, кој пред повеќе од три недели исчезна во водите
на реката Вардар кај селото Белештевица во текот на силно невреме, беше извлечено
дури денеска од реката, конкретно на местото каде што реката Бабуна се влева во
Вардар.
Екипа за спасување била ангажирана откако неговото тело било забележано како плови по Вардар токму низ Велес. Димовски исчезна на 6 август, обидувајќи се да помогне на екипа на ЕВН која со нивното возило беше заглавена во големото невреме.
Слично
