Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗВИСИВМЕ ЗА ЕУ, ШТО ЌЕ КАЖЕ ГРЦИЈА? - сите ја чекаат европската одлука

ИЗВИСИВМЕ ЗА ЕУ, ШТО ЌЕ КАЖЕ ГРЦИЈА? - сите ја чекаат европската одлука

ЕУ одлучи да им забрани влез на нејзина територија на граѓаните на речиси сите држави во светот, вклучително и САД, поради страв од ширење на пандемијата на коронавирусот, јавува Дојче Веле. 

Медиумот пишува дека само 14 држави успеаја да ги исполнат критериумите за патување на територијата на ЕУ од 1 јули годинава. Отворени граници може да добие и Кина, но само доколку го укине ограничувањето за влез на државјани на ЕУ.

Европскиот совет вчера ја започна официјалната процедура за усвојување на документот, а неговата содржина формално треба да биде соопштена денеска. 

Иако се очекуваше тоа да биде денеска напладне, листата се уште ја нема на официјалната веб страница на Европската комисија. 

Според Дојче Веле, забраната за влез од 1 јули ќе биде отстранета за Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Северна Македонија не се најде на листата поради големиот број новозаразени со коронавирус во последниот период. 

Претходно, како што јави Катимерини, од Грција имаше вест дека целосниот список на земји на чии граѓани ќе им биде дозволен влез во земјата, се очекува денеска официјално да го објави Министерството за надворешни работи на таа земја, и тоа да биде идентификувано со одлуките на ЕУ.

Со оглед на отворањето на земјата кон туризмот на 1 јули, вчера се одржа широк состанок под покровителство премиерот Кирјакос Мицотакис. 

Што се однесува до третите земји, надвор од ЕУ, Грција има намера да се движи врз основа на списокот составен од ЕУ. Инаку, до 15 јули нема да бидат дозволени директни летови од Велика Британија и Шведска. Киријакос Мицотакис истакна дека „целиот процес на отворање е динамичен и податоците постојано се проценуваат“. Премиерот исто така повика на одржување на многу добро ниво на соработка што постои до сега меѓу министерствата. „И грешките и неуспесите се неизбежни, но со добра соработка и навремена акција можеме да се справиме со нив“, рече тој.

Слично

Поврзани вести