Економија, финансии, бизнис

Контакт

Известувачот за Македонија во ЕУ: Во последната година не видовме напредок ниту реформи кај Македонија

Известувачот за Македонија во ЕУ: Во последната година не видовме напредок ниту реформи кај Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, запрашан за европскиот пат на нашата држава во интервју за „Euronews Bulgaria“, истакнал дека потребно е да се спроведе реформската агенда во која немало напредок минатата година.

-И ова важи за сите влади, како и за владата на Северна Македонија. И во последната година не видовме никаков напредок, никакви реформи. И не станува збор само за започнување преговори, туку и за реформската агенда, Планот за раст. Ако земјата не ги спроведе потребните реформи, 47-те милиони евра нема да одат кај неа, туку кај соседните земји, рекол Вајц.

Известувачот, меѓу другото, кажал дека најважните реформи за пристапување во ЕУ се сите реформи во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата, обезбедувањето независни судски системи што обезбедуваат правда за граѓаните, но и за бизнисот.

-Исто така, и за развојот на земјата. Без Европската Унија, ако немате соодветен статус на владеење на правото, нема да привлечете странски инвеститори да инвестираат во вашата земја. Значи, ова е клучно прашање. И да, корупцијата е рак во нашите општества, а исто така и во Европската Унија. А во мојата земја сè уште се бориме против корупцијата. Прашањето е дали имаме институции, дали имаме законодавство, дали имаме власти кои се способни и спремни и имаат политички простор да дејствуваат во борбата против корупцијата или не. И сè уште треба да видиме подобрувања во оваа насока и од страна на Северна Македонија и Владата на Северна Македонија. Ова е јасно наведено и во извештајот, посочил Вајц.

За жал, досега не гледам дека се преземаат потребните реформи. Во овој момент, не гледам политичка волја од страна на владата да се обврзе, да се обврзе сериозно, особено кога станува збор за владеењето на правото и независноста на судството. Но, јас сум таму за да поддржам, јас сум таму за да му помогнам на регионот да се движи напред, затоа нема да се откажам, заклучил Вајц во интервјуто.


Слично

Поврзани вести