ИЗВЕШТАЈОТ ОД ОБДУКЦИЈАТА ЗА ВАЊА СТИГНА: ОЈО нема да соопшти никакви детали
Основното Јавно Обвинителство
соопшти дека извештајот од обдукцијата е доставен до оваа институција, но нема
да се соопштуваат никакви детали од документот. За двојното убиство на 14
годишната Вања од Скопје и на 74-годишнит Панче од Велес е осомничен Љупчо
Палевски Палчо кој во моментов е во екстрадициски притвор во Турција.
Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата.
Осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се во притвор, а притвор доби и таткото на Вања.
МВР на последната прес конференција на која беше соопштено дека Палевски е уапсен во Турција соопшти и детали за киднапирањето на Вања, наведувајќи дека откако девојчето било грабнато од пред својот стан, му биле врзани рацете и нозете, било ставено во вреќа за спиење во багажниот простор на возило ситроен и потоа е однесено на локација каде што било убиено и закопано.
Тогаш, министерот Оливер Спасовски соопшти и дека Вања е усмртена со пиштол и дека на вешатчење се дадени два пиштоли пронајдени на територија на Скопје.
