При посетата на штипската Клиничка болница министерот Филипче се сретнал со семејството на 28-годишната родилка од Свети Николе.
„Извештајот од Комисијата која е формирана од страна на Министерството е готов, но се чека и на официјалниот наод од обдукцијата, која ја има извршено Судска медицина. Во текот на наредната недела ќе биде комплетирана документацијата по што ќе биде предадена на раководството на болницата и на семејството“, изјави Филипче.
