Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извадено албанското, вратено македонското знаме на Кораб

Извадено албанското, вратено македонското знаме на Кораб

На социјалните мрежи mk.pirej објави снимка дека е вратено македонското знаме на местото на албанското на врвот Голем Кораб од страна на цивилни лица.

Албанскиот планинар Изет Шулку пред неколку дена, придружуван од уште неколку други лица, се пофалил на социјалните мрежи како го менува македонското со албанското знаме на врвот Кораб.

Албанскиот планинар од Пешкопеја со неговото друштво на врвот Голем Кораб тоа го сторил изминатиот викенд

На врвот Голем Кораб кој припаѓа на Националниот парк Маврово стои информативна табла со налепница испишана на македонски јазик со надморската височина на врвот – 2.764 метри и дека корабскиот планински масив е во две земји Македонија и Албанија, но Шулку исто така ја искина и фрли.

„Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме“, напиша Шулку на својот фејсбук-профил и го објави видеото.

Министерството за внатрешни работи (МВР) утврдило дека се работи за лице кое не е државјанин на Северна Македонија и соопшти дека ќе информира за преземените дополнителни мерки за расчистување на овој случај.


Слично

Поврзани вести