Изречени 174 казни за возачи на електрични тротинети, 15 прекршоци од деца под 14 години
МВР објави дека во изминатиот период изречени се 174 прекршоци од возачи на електрични тротинети и три прекршоци од возачи на велосипеди.
Кај возачите на електрични тротинети најчесто се констатирани прекршоци поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента, пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаци (член 103-а став 1) – 63 прекршоци, симнување на рацете од управувачот, придржување за друго возило, превезување, влечење или туркање предмети, како и користење електронски уреди за време на управување (член 103-б став 1) – 17 прекршоци, движење на сообраќајни површини каде што не е дозволено движење со електричен тротинет (член 103-а став 5) – 15 прекршоци и управување од лице кое не наполнило 14 години возраст (член 103-в став 1) – 14 прекршоци.
Во рамки на преземените мерки, писмено се опоменати 10 возачи на електрични тротинети.
Слично
