Изречена тригодишна затворска казна за „Двојник“, останатите минаа со условна
Од тројцата обвинети кои не ја признаа вината во случајот „Двојник“ за фалсификување на 215 лажни пасоши за членови на подземјето, одредена е една затворска казна од три години и две условни.
Кривичниот суд на Фарук Буки му одреди три години затвор, додека за Весна Колевска и Бранислава Владичевска беше изречена условна казна во траење од една година.
Претходно кај обвинетите кои досега признаа вина, шест добија затворски казни од 1 година и 7 месеци, до 2 години и 7 месеци, додека едно лице доби условна казна.
Во случајот „Двојник“ обвинети беа 11 лица, од кои 10 се вработени како службеници во МВР., додека 11-тото лице е посредник.
Тие се обвинети поради тоа што во период од 2017 до 2020 година издале 215 нелегални пасоши.
