Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗРЕЧЕНА ПРЕСУДАТА: По колку години затвор добија лицата кои ја ограбија НЛБ банка?

ИЗРЕЧЕНА ПРЕСУДАТА: По колку години затвор добија лицата кои ја ограбија НЛБ банка?

На девет години и два месеци затвор е осуден Бобан Смилевски кој беше обвинет за милионскиот грабеж во Тутунска банка. 

Неговиот брат Горан Смилевски, исто така обвинет за тешка кражба и затајување, е осуден на шест години и шест месеци затвор. Борис Мичевски кој според обвинителниот акт се товари дека ги превезол парите, доби казна од пет години и два месеци.

Пресудата денеска беше соопштена во Кривичниот суд, а според неа четвртообвинетиот во овој случај, Мирослав Каевски, вработен како трезорист во Тутунска банка, доби условна казна затвор од две години.

Судијата Дарко Тодоровски образложи дека пресудата ја донел врз основа на признанието на обвинетите, а висината на казните ја образложи со фактот дека обвинетите не откриле каде се украдените пари.

Со пресудата тројцата првообвинети се задолжени и во рок од една година на правосилноста на пресудата солидарно да ја надоместат штетата на банката.

Првообвинетиот го призна делото и рече дека се кае за тоа што го сторил, но пред судот не откри каде се парите.

Смилевски изјави дека бил задолжен и дека за тоа му се заканувале, па морал да ја ограби банката.

Слично

Поврзани вести