Економија, финансии, бизнис

Контакт

Израелец со недели ќе ја истражува Македонија со електричен велосипед

Израелец со недели ќе ја истражува Македонија со електричен велосипед

Македонија ќе биде нова точка на светскиот атлас која Израелецот Хилел Ефлал ќе ја истражува во наредните недели, и тоа шетајќи со неговиот електричен велосипед.

- Јас сум слободен уметник и жител на светот, во вистинска смисла на зборот. Израелец сум, живеев одреден период во Америка, сега решив да ја запознавам Европа или конкретно Балканскиот Полуостров, а во вашата држава, Македонија за која многу сум слушал и читал, ќе престојувам две-три седмици. Ова е еден специфичен начин да го минам летниот одмор. Од Бугарија доаѓам преку Крива Паланка, прекрасно гратче кое ме воодушеви со природата и срдечноста на луѓето. Оттука преку Куманово ќе отседнам во Скопје, чиишто знаменитости мора да ги посетам, изјави Ефлал.

Овој интересен светски патник европската турнеја ќе ја заврши во Берлин, Германија.

Слично

Поврзани вести