Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изработен сообраќајниот проект за скопскиот пајтон

Изработен сообраќајниот проект за скопскиот пајтон
Движењето на пајтонот ќе биде по утврдена патека со соодветна сообраќајна сигнализација. Компанијата “ДПИС Зебра Проект” ДООЕЛ од Скопје, го изработи сообраќајниот проект за движењето на пајтонот, кој компанијата ќе му го поклони на Градот Скопје. Предлог-Одлуката за примање на донацијата за Основениот сообраќаен проект за дефинирање на патека за движење на пајтон во градот Скопје, ќе се најде и пред градските советници на закажаната седница за во петок оваа недела. Проектот е во висина од 1.247 евра со вклучен 18% ДДВ. -Основниот сообраќаен проект за дефинирање на патека за движење на пајтон во град Скопје е изработен од „ДПИС Зебра Проект“ ДООЕЛ Скопје е дониран на град Скопје. Со основниот сообраќаен проект е дефинирана патека за безбедно движење на пајтон во градот Скопје во централното градско подрачје. Истиот содржи сообраќајно решение за соодветно означување на патеката со соодветна сообраќајна сигнализација со цел безбедно и непречено движење на пајтонот во сообраќајот, стои во образложението на Предлог -одлуката Не е познато која ќе биде новата траса на пајтонот, односно колку ќе се проширува сегашната патека. Сега кочијата тргнува од Зоолошка градина, каде што и е седиштето, покрај стадионот кај Опатија, низ паркчето по кејот на реката Вардар, кај вртелешката и баровите, потоа кај Холидеј ин и под ГТЦ кај автобусите, во Жена-парк, под Порта Македонија, плоштадот, улица Македонија и повторно врти кај Лондон кафе. Пред четири месеци коњите беа пуштени на принуден одмор, а скопскиот пајтон не возеше низ градот, токму поради продолжување на трасата, бидејќи претходно пајтонот вртеше круг само околу плоштад и улица Македонија. Засега нема информации дали зголемувањето на трасата ќе значи и зголемување на цената за возење со пајтонот. Сега  возење низ центарот чини 100 денари за возрасни и 50 денари за деца. Тендерот за набавка на пајтонот го доби компанијата „Технометал Вардар“, а Градот Скопје за оваа атракција плати 14.000 евра, плус 18.000 за набавка на двата бели коњи липицанери донесени од Грција. Ј.С
Слично

Поврзани вести