Изостана ли акција од надлежните: Морбилите го „осипаа“ јавното здравство
Дали Министерството за здравство недоволно се обиде да ја едуцира јавноста од потребата за вакцинација? Што сега кога веќе има епидемија на морбили? Прашањата ги поставуваат и родители и упатени граѓани кои стравуваат од зголемување на заболените од мали сипаници.
Цело време надлежните тврдеа дека имунизацијата е во слободен пад и дека ќе имаат засилени активности во обид да ја зголемат свесноста кај родителите но таква поширока акција сепак изостана. о дгодинава треба воз адолжителниот календар да се воведат уште две задолжителни вакцини - пнеумокок и за рота вирусот.
Во меѓувреме Скопје се соочува со епидемија, а од денска стапува во сила привремена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во сите градинки на подрачјето на градот.
Ова е доста опасно заболување и единствената заштита е вакцнацијата.
