ИЗНУДИЛЕ НАД 1.8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ: Двајца измамници доведувале во заблуда охриѓани за наводни сообраќајки со жртви
„Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, Е.И.В. и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни несреќи во кои имало жртви. Доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им барале пари со цел да ги ослободат од затворски казни, по што А.Т. одел на средба со оштетените, ги земал парите и во соседна земја ѝ ги предавал на Е.И.В. На овој начин, тие извршиле три кривични дела со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 1.894.983 денари“, велат од полицијата.
Ваков тип на измами има подолго време во земјава. Измамниците на тој начин изнудуваат пари од постари лица.
