Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗНУДИЛЕ 10.000 ЕВРА: Ја излажале дека ќерка и прегазила девојче од Албанија

ИЗНУДИЛЕ 10.000 ЕВРА: Ја излажале дека ќерка и прегазила девојче од Албанија

Скопјанка им дала 10.000 евра на измамници кои телефонски ја убедиле дека ќерка ѝ направила сообраќајна несреќа.

43 годишната жена вчера во полиција пријавила дека е измамена. 

Ден претходно на домашниот телефон добила повик од женско лице, коe ѝ се претставило како нејзина ќерка, и ја информирала дека направила сообраќајна незгода. Потоа ја прашала колку пари имаат дома.

Веднаш потоа разговорот го продолжил маж, кој на жената ѝ рекол дека ќерка ѝ во сообраќајна несреќа прегазила девојче од Албанија, кое починало, поради што ќерка ѝ треба да оди во затвор од пет до 15 години.

Лицето дошло пред нејзиниот дом по што жената му дала 10.000 евра. Таа сфатила дека е измамена кога се слушнала со својата ќерка.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Ова не е прв ваков случај. Претходно, ваква измама имаше во Свети Николе, но и во Скопје.  

Слично

Поврзани вести