„ИЗМИСЛУВААТ БОРБА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ“: Макрадули тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ја дели државата
Јани Макрадули од СДСМ, тврди дека ВМРО-ДПМНЕ измислува борба за идентитетот само за да ја продолжи поделбата во општеството.
„Како што многу пати сум зборувал и пишувал, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжува да ја дели државата по сите основи. Ја дели како што дели зборови, без мерка и без одговорност. Измислуваат борба за македонскиот идентитет, нешто што никој не го оспорува, сѐ со цел да ги продлабочат поделбите. Тие поделби не само што ги разединуваат граѓаните, туку ги загрозуваат и основните столбови на државата.
Вчера видовме дека е небезбедно граѓаните да се движат, а денес, расправата за ребалансот, покажа дека со незнаењето и лошото планирање, и Буџетот е небезбеден.
За жал, опасноста од поделбите повеќе не е само теоретска, таа стана реална опасност што ја загрозува иднината на сите нас“, напиша тој.
