ИЗМИСЛЕНИ ЛИКОВИ, НЕТОЧНИ НАСТАНИ - ДА МОЖЕ ДА ЗБОРУВА МАКЕДОНИЈА: Професорката Каракамишева за уставните измени
Измислени ликови, неточни информации... Лошо се чуствува и Македонија... Со овие зборови денеска професорката по уставно право, Тања Каракамишева укажа на проблематичните аспекти во менувањето на уставот на земјата.
- Уставот е автобиографија на нацијата!
Замислете, како би се чувствувале ако во вашата автобиографија бидат ставени измислени ликови, животни настани, неточни информации!
Лошо, така?
Епа лошо се чувствува и Македонија!
Да може да зборува ќе ги каже маките од нашите глупости! - напиша Каракамишева.
Нејзината објава предизвика бројни реакции, од кои најголем дел се сложија со професорката и се надоврза на нејзината објава. Бројни граѓани коментираа, и укажаа на нивното несогласување со промената на името на државата, со присилното вметнување на други нации во уставот на земјата, која пред се ја создале Македонци....
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
